Воведување на кризен данок нема да има бидејќи државната каса е во добра кондиција. Премиерот Зоран Заев уверува дека нема ниту да се воведуваат нови даноци или да се зголемуваат постојните, туку напротив – тој тврди дека ќе има намалување на даноците. Според Заев, се планира понизок персонален данок за ИТ индустријата и повторно воведување на прогресивниот данок во 2023, но со прецизни стапки како да се даночат побогатите.
Advertisements