Премиерот Заев во интервју за ТВ21 вели дека не се чувствува виновен за ветото од Бугарија, ниту пак како предавник наспроти обвинувањата од опозицијата. Како што вели тој, да бил предавник, немаше да има вето.
-Имајќи предвид дека тој (Мицкоски) ме обвинува мене дека јас сум виновен за ветото од Бугарија, а истовремено ме обвинува дека правам предавство на македонскиот јазик и македонскиот народ е условено едно од друго. Не само што е контрадикторно, туку е условено едно од друго. Да направив предавство ветото, требаше да биде тргнато. Или ако ветото опстојува тоа значи дека се штитат националните интереси. Да имаше предавство ветото требаше да биде тргнато, вели Заев.
Тоа што претставници на Бугарија не присуствуваа на Форумот и покрај поканата за Заев не е добра порака. Сепак, е оптимист. Вели дека во нив гледа пријатели, а иако не открива за што точно станува збор, сепак порача дека постојат решенија кои се прифатливи за двете страни.
-Јас можам да кажам дека со Бугарија имаме решение кои се прифатливи за двете страни. Сакам да верувам дека и овојпат не добивме зелено светло дека немаат Парламент и немаат Влада. Затоа што знам што разговарав и знам дека се адресирани грижите на Бугарија, вели Заев.