Премиерот Зоран Заев по денешното рочиште против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски изјави дека очекува судот да докаже дека тој клеветел. Како што вели, целиот процес е масло на ВМРО-ДПМНЕ.
-Јас тврдам дека овој процес за моја наводна поврзаност со рекетирање е масло на ВМРО-ДПМНЕ и затоа без барам кривична одговорност со тоа што очекувам судот да потврди дека се работи за клевета, навреда и за нарушување на мојот чест и углед, истакна претседателот Зоран Заев во одговор на новинарски прашања.
Претседателот Заев, посочи дека тврдењата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски не се поткрепени со никакви докази и аргументи, и дека очекува процесот пред судот тоа и да го покаже и Николовски да биде казнет за јавно изречените клевети. Станува збор за случајот „Рекет“ за кој Николоски тврди дека се рекетирани голем број бизнисмени, а парите како што вели завршиле кај Заеви.