Нема да има предвремени парламентарни избори заедно со локалните изјави премиерот Зоран Заев. Како што вели тој, доколку Мицкоски има мнозинство, нека го покаже и нека изгласаат избори. Но, Заев вели дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нема мнозинство, а барањата за избори се само поради внатрепартиски потреби и нереални агенди.
-Еве бевме на избори, прифативме, ја утврдивме евроатлантската агенда, и завршија изборите, и ВМРО-ДПМНЕ изгуби. И сега повторно да одиме на предвремени? Зошто? Затоа што така Мицкоски мисли? Не, нема причини зошто да одиме. Ако треба по сто пат да повторуваме за тоа, ќе повторуваме. Парламентарно мнозинство за одлука за предвремени парламентарни избори нема, ако го има бујрум господинот Мицкоски нека го покаже и нека ја донесат комплетно одлуката. Така да престане да закажува заради свои внатрепартиски потреби одредени нереални агенди затоа што тоа е неодговорно и влијае врз економијата, вели Заев.
Инаку, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христиајан Мицкоски неколку пати порача дека заедно со локалните, треба да се одржат и предвремени парламентарни избори поради како што вели погубните политики на оваа власт, која според него мора да падне.