Поранешниот премиер Зоран Заев преку инспиративен текст за планината Беласица, ја истакна нејзината важност како инспирација за големи идеи како онаа за „Балкан без граници“.
Беласица една од најстарите планини на Балканот – таа е нашата македонска убавица која нѐ поврзува со Бугарија на исток и со Грција на југ.
Шумите, пасиштата, термалните води, водопадите и камените врвови ја прават Беласица уникатна и примамлива за туризам, за лекување и за авантура низ целата година.
Да ја чуваме и да ја посетуваме и да продолжи да ни биде инспирација за големи идеи како онаа за „Балкан без граници“.