Иако имаше најави дека првите вакцини за имунизација на населението ќе пристигнат во февруари сепак тоа не се случи. Сега, се најавуваат за месец март, но се чини ни за сега датуми конкретни нема. Со оглед на тоа дека неколку пати згрешија со датумите, сека властите се резервирани околу пристигнувањето на вакцините.

-Ние како што реков, секој ден очекуваме конкретна информација кога. Јас сега имам информација кога ќе стигнат првите 3000 илјади, но како да кажам, а ако не стигнат….Во недела ги очекуваме трите илјади преку ДХЛ да дојдат, министерот се организира со амбасадорот да ги пречекат, вели Заев.