Премиерот Зоран Заев на новинарско прашање дали уапсениот Александар Ушилковски е вработен во фирмите на Заеви и дали бил возач на неговиот братучед, одговори дека Трајче Заев веќе реагирал јавно и кажал дека не е поврзан на ниту еден начин со фирмите на нивното семејство. Сепак, додава дека без разлика дали и колку се дружел со некој негов братучед или член на семејството Заев, ако се огрешил кон законот мора да одговара.

Инаку, во полициска акција на МВР, во соработка со Американската ДЕА минатата недела уапсени се шест лица откако беше стопиран конвој, односно комбе кое носело 200 килограми марихуана во вредност од 800.000 евра. Меѓу уапсените е и командирот на полициска станица во Прилеп.