Алармот е вклучен, суштината и иднината на Европската Унија се доведени во прашање, рече во своето излагање на заедничката прес конференција со премиерот на Албанија Еди Рама. Како што кажа Заев, европските вредности се заеднички, за земјите членки, но и за земјите кандидати за членство.
„Имаме порака и за нашите граѓани и за европските граѓани и за домашните и за европските политичари: алармот е вклучен, суштината и вредностите на Европската Унија се доведени во прашање… Одлуката на ЕУ да не ја закаже првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија е големо разочарување, но и огромен неуспех за политиката на ЕУ, за проширувањето и лоша порака за целиот регион…Северна Македонија е Европа, Албанија е Европа, Балканот е Европа“, рече Заев.