Премиерот Заев денеска даде прогноза дека, ако успее дијалогот со источниот сосед, можно е на 23 јуни да се случи првата меѓувладина седница.
Тои истакна дека верува во пронаоѓање на конечно решение за исчекор во спорот со Бугарија. Според него, има добра основа низ португалскиот предлог да се изнајде решение со Бугарија.
„Да замолам за решение на прагматични основи, знаејќи дека никој не сака да погази врз нашиот македонски јазик и македонски идентитет. Така и ќе биде, но сепак решението мора да го најдеме ние двете пријателски земји“, изјави Заев.