Целта е финансиската поддршка од по 6.000 денари да стигне до секој граѓанин на кој по закон му следува, и не смее никаков административен рок, да биде проблем за тоа, порача премиерот Зоран Заев, барајќи флексибилност од банките и најавувајќи дека доколку е неопходно ќе се донесе и законско решение.
-Одредени одлуки веќе дадовме, а и самиот закон дава флексибилност. Приговорите се одговараат промптно, и се доодговарат и овие денови завршуваме. Апелирам до банките на флексибилност, прво и заради ковид да не се проширува. Целта е сите овие 27,6 милиони евра да допрат до сите граѓани, затоа што признаваме имаме слабости во евиденција за самохрани родители. Ако не е приајвен во Центар за социјални работи, во Подарчната единица на Министерството за труд и социјална политика, во Аенцијата за вработување, државата не може да знае во кој момент е некој самохран или не е. Тука се најголем дел од жалбите, потоа во активни и пасивни баратели на работа и мал дел кај пензионерите. Позитивно одгваораме и преку тоа ги поправаме пропустите или на граѓаните или на институциите, но целта е парите да ги пуштиме, парите се за тоа во буџетот и овие пари ќе помогнат навистина на голем процент од најсиромашните граѓани во нашата земја, изјави премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарски прашања денеска во Тетово.
Побара од банките максимална флексибилност, напоменувајќи дека нема рокови. -Иако по Закон е 25 декември, но сепак по право на жалба тој рок мора да биде продолжен. -Законски се покриени. Пуштивме писмо од Владата и Генерален секретарија, но целта е навистина да не биде денот, рокот причина некој граѓанин да не ги добие парите што по закон му следуваат, рече премиерот..
Потенцира дека правните служби бараат решение и очекува да го најдат, но потенцира дека на крајот ако е неопходно законското решение ќе се донесе и во јануари.
-Сите треба да бидат еднакви. Не смее никаков административен или процедурален рок да ги доведе грѓќаните во неднаквост, истакна премиерот.