Зоран Заев, претседателот на Владата ја образложи причината зошто бара гласање на доверба на Владата, која ќе се случи денеска во Собранието, откако беше ставена како точка на дневниот ред, и кој дневен ред беше изгласан од пратениците.

Заев рече дека ова е моментот да се види дали навистина има мнозинство од опозицијата кое беше најавено претходно, и дека ќе ја падне владата.
„Со оваа постапка еве, застанувам пред вас, во име на владата, и ја превземам одговорноста барам да бараме за доверба на владата. Да го видиме на дело тоа толку најавено мнозинство од опозицијата која ќе ја падне владата. Ова е моментот со кој ќе им покажеме на граѓаните колку се вистина зборовите на опозиицијата. Стабилна власт со стабилно мнозинство или неодговорна опозиција. Мора да е едното од двете.“, рече Заев.

Тој потоа ги истакна работите кои оваа влада ги реализирала во последните шест месеци.