Премиерот Зоран Заев смета дека успешно спроведување на попис е многу важна и не треба да даде само слика за етничката состојба во земјата.
„Бојкотот е најлошата одлука, тој носи конфузија меѓу граѓаните и ништо добро и позитивно. Кому му одговара да имаме иднина врз погрешни податоци?“, праша Заев.
Тој верува дека ако немаме попис никој нема да сака да инвестира кај нас.
„Ниту еден инвеститор нема да сака да инвестира кај нас. Ја повикувам опозицијата да се приклучи на оваа одговорна операција.“, рече Заев.