Немам никаков проблем со Радмила Шекеринска, таа не се дистанцира од мене, туку само најави дека нема да се кандидира за трет мандат за потпретседател на СДСМ. Зоран Заев вели дека ја почитува нејзината одлука и инсистира дека меѓу нив се е во ред. Воедно рече дека не е точно дека го одбила за амбасадорското место во Вашингтон, бидејќи како што вели, не било разговарано. ТВ21 вчера објави дека токму Шекеринска била еден од можните кандидати за амбасадор во Вашингтон, но сепак го одбила предлогот на премиерот. Заев потенцира дека меѓу нив се е во ред и нејзиното некандидирање во СДСМ нема да има никакво влијание на т.н скопско крило на партијара.
-Јас живеам повеќе години во Скопје, скопско крило сум или какво сум сега…Радмила Шкеринска не поднесе оставка. Таа најави, како што прочитав и секако со мене е споделено тоа, дека нема намера да се кандидира за трет мандат за потпретседател на СДСМ. Јас заедно со Радмила во 2013-та презедовме голема одговорност во СДСМ, јас како претседател, таа како потпретседарел да го водиме СДСМ во едно многу тешко време. Одлуката јас ја почитувам, изјави Заев.