СДСМ утре ќе одржи конгрес, на кој треба да биде, меѓудругото, познат и наследникот на Радмила Шекеринска на заменик-претседателското место. Таа најави дека повеќе нема да биде кандидат за раководните позиции во партијата, а како најсериозен кандидат да ја замени се наметнува министерот за здравство Венко Филипче, објави ТВ21.
Министерот Венко Филипче неколку пати во јавноста имавме прилика да го видиме во приватно во друштво со премиерот Зоран Заев. Тие двајцата честопати кога имаат слободно време заедно возат мотори. Но, колку оваа блискост е најава дека на утрешниот конгрес за негов заменик Заев ќе го предложи токму Филипче. Иако во јавноста веќе подолго време се шират шпекулации дека токму тој ќе биде избран, Министерот Филипче вели дека со лидерот на СДСМ, досега не разговарал за негово евентуално назначување на местото на Радмила Шекеринска – потпретседател на партијата.
„Не сум разговарал на таа тема со претседателот Заев. Преокупирани сме со менаџирање на овој процес, на кризата и вакцинацијата. Верувам дека ќе го направи најдобриот тим исто како што беше и до сега и дека ќе продолжи успешно да работи на полето на имплементирањето на сите успешни политики исто како и досега“, посочи Филипче., а пренесува ТВ21.