Овој четврток, 11 декември, со почеток од 20 часот, во Социјален центар – Дуња ќе настапат со заеднички сет Мартин Џорлев (гитара), Нинослав Спировски (саксофон, кларинет) и Мартин Георгиевски (електроника)
Мартин Џорлев е широко препознаен по својот значаен придонес кон локалната и регионалната сцена, особено преку успехот на инди-рок/пост-панк бендот Луфтанза. Неговата кариера започна како дел од различни музички состави и проекти, како што се Zulu 3.4, Lufthansa, Стој, После! И Животни, кои оставија белег на македонскиот креативен пејзаж.
Нинослав Спировски е македонски фри џез кларинетист и саксофонист, дел од генерацијата што го поттикна новиот бран на импровизирана музика во земјава. Како еден од најактивните учесници на сцената, застапува личен израз и оригиналност надвор од традиционалните џез шеми. Најпознат е по работата со Светлост и Светлост + Одрон Ритуал Оркестра, а учествува и во бројни други состави.
Мартин Георгиевски настапува како Amplidyne Effect од 2009 година, а фокусиран е на електронска, амбиентална и експериментална музика, претежно во форма на импровизирани сесии. Има издадено бројни изданија, а музиката ја изведува соло и со бендови како Post Global Trio, Meissa Ionis, ТРИМА и Светлост + Odron Ritual Orchestra. Настапувал на Pohoda Festival во Словачка, PNEM Soundart Festival во Холандија, De:sonanz, Скопскиот џез фестивал и многу други.
Текстот Заеднички концерт на Мартин Џорлев, Нинослав Спировски и Мартин Георгиевски е превземен од МАКФАКС.























