Во Скопје се одржува четвртата средба од заедничката експертска комисија за нов граничен премин што треба да ги поврзе Општина Струмјани во Р. Бугарија и Општина Берово во РС Македонија.

Во протоколот од средбата што треба да биде потпишан по дводневната седница во Скопје, ќе бидат разјаснети основните технички карактеристики на патното поврзување, местоположбата на трасата, точката на поврзување на границата, местото на новиот граничен премин, режимот на функционирање и формално-правните прашања. Преминот ќе биде 4-ти на границата меѓу Р. Бугарија и РС Македонија.

По средбата ќе започне суштинската работа по проектирањето и изградбата на преминот што со одлука на Владата на Р. Бугарија е задолжен обласниот управител на Благоевград. Изградбата на преминот ќе биде финансирана со повеќе од 10 милиони евра средства од програмата за транс-гранична соработка меѓу Р. Бугарија и РС Македонија.

„Изградбата на овој граничен премин е долгогодишен сон на луѓето од двете страни на границата и е дел од оние мостови што треба да ги градиме помеѓу нас“, изјави за БТА обласниот управител на Благоевград Николај Шушков, пренесува Трибуна.

Од бугарска страна треба да биде изграден 7 км пат од селото Раздол до идниот граничен премин. Парите ќе бидат обезбедени од бугарската државна агенција Патна инфраструктура.