Министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговата колешка од Бугарија, Теодора Генчовска на денешната работна средба, заеднички остро го осудија инцидентот во Битола.
Како што истакнаа Османи и Генчовска, двете министерства ќе продлжат да наоѓаат заемно прифатливи решенија и да ги унапредуваат билатерталните односи помеѓу двете земји.
-Разговорите протекоа во пријателска и конструктивна атмосфера во функција на продолжување на дијалогот меѓу двете министерства за надминување на отворените билатерални прашања согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и унапредување на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, информира МНР по средбата.
Разговорите ќе продолжат и утре, а, како што истакнува МНР, дополнително ќе се интензивираат во периодот кој претстои „во насока на изнаоѓање заемни решенија за остварување на споделената цел за унапредување на европската иднина на Северна Македонија“.
Средбата која беше дел од дводневната работна посета на Генчовска во Северна Македонија, се одржа во присуство на тимовите на министерствата од двете страни.