Еден возач и девет патници, меѓу кои и дете, загинаа во несреќата која утрово се случи на автопатот кај Славонски брод кога автобус со косовски таблици кој сообраќал од Франкфурт кон Приштина излетал од патот.
Според првите информации автобусот слетал од патот на тревникот и во таа прилика се превртел.
Вториот возач бил затекнат на лице место набрзо после несреќата бил уапсен затоа што признал дека задремал зад воланот.
„Возачот на автобусот е уапсен. Увидот заврши и се превземаат други доказни постапки за покренување на кривична постапка. За сега имаме информација дека се работи за десет починати и 23 потешко или полесно повредени. Возачот е уапсен под сомнение дека управувал со автобусот на начин што не ја користел лентата за движење туку скршал од коловозот и предизвикал излетување. Возачот кажа дека за момент заспал, но тоа дополнително ќе го утврдуваме“, додаде Прањиќ.