Сите патници кои од 8 февруари со авион ќе пристигнат во Швајцарија, за влез во државата ќе мора да покажат негативен ПЦР тест, кој не смее да биде постар од 72 часа.

Покрај тоа, оние кои доаѓаат од земјите на „црвената листа“ ќе мораат да влезат во десетдневен карантин, што може да го прекинат дури по седмиот ден со негативен тест.

За патниците кои летаат кон Швајцарија, контролата на негативните ПЦР тестови ќе се изврши пред да се качат во авионот.

Исто така, сите патници ќе мора да остават податоци за контакт за во иднина, преку електронска форма што треба да се пополни со цел побрзо да се открие синџир на зараза во случај на инфекција.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.