ЗОРАН ИВАНОВ

Утре уставна собраниска седница во амбиент на наметната дилема: „Бугарите во уставот да или не“, а всушност вистинското рационално прашање за пратениците е дали државава да ги отвори ЕУ преговорите или не, прашање кое, појаснето во една реченица, се сведува на фактот дека во случајов „Бугарите во уставот“ е само онаа нужна алатка земјава во ноември, заедно со сите земји членки на ЕУ, да ја одржи втората меѓувладина конференција што на Македонија ѝ го отвора патот конечно реформски да зачекори на интегративниот европски пат или пак, во спротивно, и натаму да си остане насамо билатерално да се препелка со децениски идентитетски негаторската бугарска политика која трие раце да се случи второво, па оттука и прашањето за пратениците: ќе застанат зад дефокусот „Бугарите во уставот“ или зад фокусот „Македонските преговори со ЕУ“, или, преведено на партиските вокабулари, ќе застанат ли зад својата партија или зад својата држава?

Превземено од Цивил Медиа