Преку Отворен Балкан државата и регионот се претставуваат како врвен вински, гастрономски и туристички регион, а преку вмрежување на винариите сериозно правиме и промоција на домашното вино на светскиот пазар, вели Марјан Забрчанец национален координатор за Отворен Балкан.

Тој на социјалните мрежи напиша:

-На следниот лидерски пазар во Белград на почетокот на летово ќе се активира слободниот пазар на труд. Исто така наскоро ќе се активира заеднички систем на е-наплата на патарините со цел да нема застој во сообраќајот. Подготвуваме и иницијатива за младински кампови и школи со ефекти врз образованието, но и врз туризмот и надвор од туристичката сезона. Со помош на коморите се планира и нов проект за обезбедување комерцијални попусти на бензиски пумпи, музеи, настани и др. Важно е да се напомене и дека српскиот културен центар во Париз, Франција ќе стане центар на „Отворен Балкан“ што значи нова можност за промоција на македонската култура и силни врски на македонскиот, српскиот и албанскиот народ.