-Околу Отворен Балкан во земјава се гради национален консензус – имено, поддршката од страна граѓаните изнесува високи 75% во просек, а она што радува е што не постои демографска група која е со поддршка под 65%, додека кај некои од групите граѓани како што се на пример неопределените гласачи, поддршката за Отворен Балкан оди и до 85%, вели Марјан Забрчанец, национален координатор за „Отворен Балкан“ и за регионални иницијативи во интервју за Нова ТВ.
Како што вели тој, проширувањето на Отворен Балкан е посакувано, поддржано и неминовно ќе се случи онака како што лидерите на земјите потенцијални членки ќе осознаваат колку многу можат да му дадат на својот народ овозможувајќи му да биде дел од блиската соработка со своите соседи од регионот.
-Особено ме радува што мандатарот за премиер во новата црногорска Влада, Абазовиќ, во континуитет упатува позитивни пораки на заинтересираност за можностите кои ги нуди иницијативата, а истото постојано го прават и бизнис коморите од Црна Гора, вели Забрчанец.