Еден од најблиските соработници на Заев, советникот за комуникации Марјан Забрчанец преку инстаграм на симболичен начин се простува од премиерот.

Забрчанец вели дека кој и да биде премиер ќе тргне со добра стартна позиција во транспарентноста.

-Новата влада без разлика кој ќе биде премиер, тргнува од нулта позиција најтранспарентна во регионот. Тоа е стандардот веќе четврта година по ред, напиша Забрчанец.