Националниот координатор за Отворен Балкан, Марјан Забрчанец сподели вест на дел од македонските портали, кои пак, пренесоа и со доза позитивизам коментираат за чекор кој го направил некој наш иселеник во Германија во маркет каде што се изложени македонски вина. Имено, на вината се залепени ливчиња на кои пишува „никогаш Северна“.

Забрчанец напиша:

-Нема поголем антипатриотски чин од тоа во друга држава да ги прелепуваш македонските вина и со тоа да ја уништиваш оригиналната амбалажа и да ги одбиваш купувачите. Директна штета на македонската економија. Башка што со толкави букви на кутијата пишува Mazedonien.

А, пак домашните ”патриоти” си нашле причина оваа глупост да ја промовираат како нешто добро. Врв на глупоста и врвен антипатриотизам.

На овие групации не им е проблем Северна, проблем им е македонскиот успех.