Денешниот инцидент каде што медиумските работници повторно беа оневозможени да следат настан е уште еден доказ дека конечно е време некој да преземе одговорност за попречување на работата на новинарите, велат од Здружението на новинари од Македонија (ЗНМ).
Според нив, настанот се случил во просториите на Медицинскиот факултет во Скопје, за време на јавна расправа за законот за легализација на канабис.
Според Кодексот на новинари, новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Ако новинарот е спречен да дојде до бараната информација има право за тоа да ја информира јавноста, стои во барањето од ЗНМ.