На патниот правец Кичево – Гостивар преку планинскиот превој Стража поради интензивни врнежи од снег во 04:50 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
Од 03:45 часот на патниот правец Маврово – Дебар се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила, информираат од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместa влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на планинскиот премин Стража и во Маврово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.