ЗАБИТЕ со текот на времето ја менуваат бојата и нормално е со возраста да ја губат белината, а кафето, чајот, црвеното вино и пушењето се најчести причини за промена на бојата. Забната глеѓ содржи многу вода и минерали, што ги прави забите пропустливи за сите супстанции кои можат да предизвикаат губење на бојата, објаснува Кристоф Бенц, професор по стоматологија од Германија. Промената на бојата може да биде и последица на некои болести и лекови.
Понатаму, бојата на забите се менува со возраста. Под забната глеѓ се крие дентинот, кој кај некои луѓе со текот на времето станува жолт или сив, што значи дека нивната природна боја е генетски одредена и не може да се менува. За луѓето кои не можат да се откажат од кафе, црвено вино или други стимуланси за боење, најдобар совет е редовно да ги мијат забите. Редовното четкање се смета за четкање два до три пати на ден за да се отстрани забниот плак, советува експертот за хигиена Дирк Кроп.
„Тоа можеби звучи сосема обично, но вистината е дека многу помага“, рече тој.
Покрај редовната нега, треба редовно да посетувате стоматолог за чистење на забен камен. Но, со оваа процедура не треба да се претерува бидејќи може да ги оштети забите.
„Не би ги советувал луѓето да брзаат да ги мијат забите после секоја чаша вино“, вели Бенц.