Ковид центарот што вечерва изгоре во Тетово беше тема во медиумите уште во месец април, кога економскиот директор на Клиничката болница Тетово, Артан Етеми изнесе одредени забелешки непосредно по примопредавањето на објектот.
„Забелешките се однесуваат на подот и уште неколку мали инфраструктурни грешки. Даден е рок за пет дена да се санираат грешките при изградба на модуларната болница. Струја и вода има. За системот за кислород сме во контакт со фирмата од каде што ни рекоа дека за два-три дена може да се постави. Системот е дојден до Инфективно и може да се поврзе. Ако не излезат други проблеми, наредна недела се надеваме дека ќе се пушти во употреба“, изјави тогаш директорот Етеми.
Како што беше наведено, ковид центарот во Тетово има капацитет за 35 легла.
Вечерва голема трагедија се случи во Тетово откако изгоре модуларната болница која како што пишувале претходно медиумите имало грешки при изградбата и не требало да биде пуштена во употреба.
Имено уште на 15 април годинава во медиумите излезе веста дека кај модуларната болница во Тетово е утврдено дека има грешка при изградбата и фирмата изведувач треба да ги отстрани забелешките, информираше тогаш економскиот директор на Клиничката болница Тетово, Артан Етеми.
На 14 април имало и примопредавање на објектот од страна на фирмата изведувач, Министерството за здравство и Клиничката болница.
– Забелешките се однесуваат на подот и уште неколку мали инфраструктурни грешки. Даден е рок за пет дена да се санираат грешките при изградба на модуларната болница. Струја и вода има. За системот за кислород сме во контакт со фирмата од каде ни рекоа дека за два-три дена може да се постави. Системот е дојден до инфективно и може да се поврзе. Ако не излезат други проблеми, наредна недела се надеваме дека ќе се пушти во употреба, изјави Етеми.
Инаку „Пресинг ТВ“ на 19 април објави дека со изградба на модуларни болници се доцнеше околу 6 месеци, имено министерот за здравство, Венко Филипче ветуваше дека модуларните болници ќе бидат изградени до месец август, но истите не беа изградени тој период, туку започнаа со изградба околу ноември месец во самиот ек на вториот бран од КОВИД-19.
Порталот тогаш пишуваше дека за истите модуларни болници неодамна излезе информација дека компанијата „Брако“ веќе го наплатила поголемиот дел од монтирањето на модуларните болници и нивното опремување, и тоа преку посебна сметка за итно справување со КОВИД-19 на Министерството за труд и социјална политика и веќе му се префрлени 3,62 милиони евра.
-Вкупната вредност на двата договори изнесува 287.371.490,00 денари. Како што ѝ е познато на јавноста во градовите Гевгелија, Струмица, Куманово, Кичево, Струга, Гостивар, Штип, Велес, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Кочани, Скопје – Козле и Дебар веќе се инсталирани и опремени модуларните болници. Додека во Ресен и Тетово инсталацијата е во тек. Досега се исплатени 223.076.984,00 денари, гласеше одговорот од Министерството за труд и социјална политика.
Но проблемот започнува со тоа што инфективното одделение во Тетово секој ден има сé помалку болнички кревети, а модуларната болница никако не се пушта во употреба. Иако според Извештајот на ИЈЗ од почетокот на пандемијата до 16.04.2021 вкупно починати во Тетово има 263 лица. Од почетокот на КОВИД-19 до 16.04.2021 има заболено 6.889 граѓани. А, во моментов има околу 700 активни случаи.
Според информациите на порталот Портабл.мк топката надлежните си ја префрлаат но модуларната болница никако да се пушти во употреба.
-Иако од март побаравме да ни се даде дозвола за пуштање во функција на модуларната болница во Тетово, бидејќи сите наши задачи како Клиничка болница во Тетово ги извршивме, тоа не се случи, техничкиот прием сè уште не е направен, значи давањето клучеви за пуштање во функција на модуларната болница, рече Артан Етеми, економски директор во тетовската Клиничката болница за порталот Портабл.мк.
-Во согласност со договорот и обврските од истата, модуларната болница која се наоѓа во дворот на тетовската Клиничка болница, е поставена комплетно подготвена во закажаниот рок, примопредавањето на инвентарот, мебелот и другите беа извршени на 09.03.2021 година, од страна на комисијата каде учествуваа претставници од Министерството за здравство и МТСП, истакнале од Министерството за здравство.
Но од компанијата „Брако“ која е блиска до власта за медиуми вели дека тие својата работа си ја имаат завршено и од тука натака не знаат до кој е проблемот.
-Да, ние ја завршивме целата наша работа и има време. Немаме информација зошто сè уште не е ставена во функција, изјавија од компанијата „Брако“.
-Додека сите земји од соседството веќе се во одмината фаза од процесот вакцинација, Македонија се уште моли за вакцини и бара милостина. Ова ли е европското здравство кое Заев и Филипче го ветуваа? На македонските граѓани им е преку глава од несериозни политичари, криминалци, рекетари, профитери и неодговорни луѓе. Оставка час поскоро, оставка уште денес, нагласи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ Миле Лефков на протестов одржан на 17.04.2021 пред министерство за здравство.