Дали катноста во ОУ „Коле Неделковски“ одговара на урбанистичкиот план или законот е заобиколен?
По информација добиена од родители, кои се сомневаат во градбата на доградените објекти во училиштето, градоначалникот Герасимовски ни должи одговори, вели Магдалена Забазновска, кандидат за советник во Советот на Град Скопје.
„Затоа, го прашуваме Горан Герасимовски, дали од 1 септември, нашите дечиња од Центар и ОУ “Коле Неделковски”, учат во дограден и надграден објект, за кој не е извршен технички прием и за кој нема правосилно решение за измена во тек на градба?
Дали е точна информацијата дека за да се заобиколи законот, извршена е промена на намената на простории од училници во технички простории?
Дали договорените и доградените делови во училиштето се диво изграден објект?“
Доколку овие информации се точни, рече таа, тогаш безбедноста на нашите деца е директно загрозена затоа посочи дека бараат одговорност од градоначалникот за овој објект.
„На Центар му се потребни промени, промени коишто треба да се случат веднаш“.