Не се запазени сите европски стандарди за изградба на модуларните болници, е ставот на инженерот Неџат Бајрами, кој додава дека овие модуларни објекти не се безбедни. Но, така не мисли премиерот Зоран Заев. Според него, сите ковид-центри се изградени согласно предвидените стандарди и дека се исти како во целиот свет.
Инженерот кој детално ги анализираше стандардите за градење, вели дека најголемиот пропуст е во тендерската документација.
„Најголемиот пропуст го гледам во тендерската документација каде никаде, во ниту една точка не е предвидено користење на материјал отпорен на пожар.“, вели Бајрами.
И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој денеска посети семејства од тетовско Нераште, кои загубиле свој член во пожарот, рече дека болницата била изградена нелегално и дека немала никаква противпожарна опрема.