Верските лидери за Велигден и Рамазан Барјам ќе треба да обезбедат редари, задолжени за организирање на чествувањето кои би требало да се одржува надвор, односно пред црквите и џамиите, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тоа било договорено на последната средба од која, како што потсети, произлезеле и обврската да апелираат до граѓаните максимално да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од КОВИД.
„На состанокот со верските лидери, тие земаа обврска да обезбедат редарска служба за спроведување на протоколите и секој настан да го организираат надвор, пред црквите и џамиите. Епидемиолошката ситуацијата тоа во моментот го дозволува“, истакна Филипче.
Според него, не е проблем излегувањето на граѓаните надвор особено сега кога времето е веќе топло и тоа го дозволува, но мерките мора да се почитуваат.
-Граѓаните мора да знаат дека имаат индивидуална одговорност и дека мора да ги почитуваат мерките, истакна Филипче.