Црвениот крст на РСМ денеска испрати камион со помош наменета за населението од подрачјата погодени од војната во Украина. Помошта се состои во 1200 пакети со храна и 400 пакети со хигиенски производи.
Ова е втора пратка хуманитарна помош за граѓаните во Украина, а пред неколку дена беше пратена помала количина помош во збирна пратка, а ова е една комплетна пратка. Претходно беа пратени 400 пакети со хигиена, значи вкупната помош која досега ја праќаме во Украина е 1200 пакети храна и 800 пакети со хигиена во вредност од 3.290.000 денари, обезбедена од граѓани, од компании, како и од резервите на Црвениот крст на РСМ изјави Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ д-р Саит Саити.