Околу 50.000 земјотреси го погодија Исланд во изминатите три недели, а оваа необична активност на земјата укажува на тоа дека наскоро може да се случи вулканска ерупција, пишува Би-Би-Си.

Научниците не се сигурни кога тоа ќе се случи, а Исланѓаните, во меѓувреме, учат да живеат со тресењето на тлото.

– Advertisement –

– Од полноќ снимивме 1.200 земјотреси, инаку вообичаено имаме околу 100 или 200 – вели Бјарки Фрис од Исландската метеоролошка служба.

Луѓето се вознемирени бидејќи повеќе од земјотресите биле над 5,0 степени по Рихтер.

„Многу е невообичаено, мислам дека никој тука не памети нешто слично“, објаснува Елизабет Палмадотир, експерт за опасности од исландската метеоролошка служба.

Активната област се наоѓа на 30 километри од главниот град Рејкјавик. Исланд е навикнат на вулкански ерупции, но стотици години ниту една не се случила толку близу до главниот град.