За три години, наместо ветените 10, добивме пет отсто покачување на платите, владејчката партија кампањата за изборите ја водеше на наш грб. Бараме покачување на платите и усогласување со промените на минималната плата, велат здравствените работници кои денеска претпалдне протестираа на паузата протестираа пред Клиничкиот центар и ГОБ „8 Септември“ во Скопје.
Освен во Скопје истовремено протести се одржаа и во други градови низ државата.
Во екот на пандемијата во 2020 година нашата болница и целото здравство бевме втурнати во пандемијата. Тогаш изборите беа на повидок и сите ја водеа кампањата на грбот на здравствените работници. Очекувавме покачување на платите за 10 отсто како што беше ветено од владејчката партија секоја година да се случува, а ние досега имаме добиено само пет проценти покачување на платите во здравство. Затоа очекуваме овој анекс да биде што поскоро потпишан за да не го предизвикаме револтот кај сите други здравствени работници, вели Орце Ефтимов, специјалист биохемичар во ГОБ „8 Септември“.
Од Синдикатот на Клиничкиот центар велат дека согласно со европското законодавство, овој упад со нацрт законот за плати, во колективните договори, може да значи укинување или намалување, на правата работниците пропишани на согласно овие колективни договори.
За година од првичното покачување на минималната плата и доближувањето на другите пониски профили кон профилот на медицински сестри, се направи збрка во коефициентите. Со најавата за ново зголемување на минималната плата во март, уште повеќе ќе ги доближи другите профили до профилот медицинска сестра, изјави Гордана Димеска од Синдикатот на Клинички центар.
Еден искусен технички персонал со подолг стаж ќе зема поголема плата од медицинска сестра, вели Димеска, која додаде дека дефицитот не е само во здравствените работници туку и во другите профили.
Таа информираше дека е голем одливот на медицински сестри и како што рече, пет до шест илјади ја напуштиле земјава последниве три до пет години.
Согласно податоците од Комората на лекари, како што беше нагласено на протестот пред Клиничкиот центар, 2.200 лекари во последните три години ја напуштиле државата.
Русе Пецаноски од овој синдикат истакна дека протестот е израз на незадоволство поради тоа што за три години, платите биле покачени само пет проценти. Негодување, како што рече, имало и поради пензионирања на околу 180 врвни стручни лица кои немале право да продолжат со работа.
Пораки за зголемување на платите беа упатени и на протестот пред ГОБ „8 Септември”.
Протестот е за две барања: Сакаме да испратиме јасна порака до надлежните, посебно до социјалните партнери и да го искажеме нашето незадолство поради доцнење на исплатата на платите како и да го потенцираме второто незадоволство во делот на она што се уште не се случи, а тоа е потпишување на анексот на колективниот договор за гранковиот синдикат во смисла на покачување на платата. На повидок е покачување на минималната плата од март 2023, а тоа ќе го направи другиот проблем. Таа минимална плата ќе ни направи изедначување на платите до петтта група на сложеност во која се наоѓаат медицинските сестри со средно обазование. Така би било многу неповолно во самото колективно договарање, би настанал апсурд – медицинските сестри со средно да имаат мимимална плата која има третман на социјална категорија. Нашето второ барање е покачување на платата за сите вработени во здравството. Се надеваме дека анексот кој го имаме подготовено, заедно со министерството за здравство и Фонд за здравство ќе стигне до надлежните, до министерствата за труд и социјала и за финансии, а премиерот да го овласти министерот за здравство да го потпише. Сега сме во вакуум простор поради смена на министерот за здравство. Од утре ја очекуваме средбата со премиерот за да укажеме на незадоволството кое постои кај здравствените работиници и кое може да биде уште поголемо, ако не се реализираат барањата, изјави Љубиша Каранфиловски, претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.