Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена, направени се 2.674 тестови, а регистрирани се 176 нови случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни, 31 се реинфекции. Во текот на изминатите 3 дена нема пријавени починати лица. Според регистарот на починати со дијагноза КОвид 19 од Мој термин пријавени се две починати лица од 25 и 26 април. Во овие три дена регистрирани сe 275 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи изнесува 533.