За три часа откриени 63 неисправни автобуси и комбиња со кои се вршел јавен превоз, половина од нив со неипсравни кочници

За само три часа контрола во раните утрински часови вчера откриени се вкупно 63 неисправни возила, претежно автобуси и комбиња, со кои се вршел јавен превоз на патници.

Најмногу проблеми, превозниците имале со неисправни кочници, односно 31 возило имало неисправен уред за запирање, а во две возила на технички преглед е откриен неисправен уред за управување односно воланот не функционирал соодветно на правилата за безбеден превоз.

После Скопје каде имало 22 неисправни возила, следува СВР Охрид каде во Охрид и Струга се откриени 16 неисправни комбиња и автобуси.

Соопштението на МВР:

На 01.12.2021 од 8 до 11 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за техничката исправност на возила што вршат jавен превоз на патници, претежно автобуси и комбиња. При контролата откриени и санкционирани се 63 неисправни возила. Од нив 31 возило имало неисправен уред за запирање, две возила неисправен уред за управување и др. Од овие 63 возила, 22 биле санкционирани на територја на СВР Скопје, 16 на територија на СВР Охрид, осум на територија на СВР Тетово, пет на територија на СВР Штип.

Сите неисправни возила исклучени се од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци.