Целерот е намирница која ја обожаваат сите оние кои внимаваат што јадат, а ние ви нудиме одлична салата која треба да ја замени вашата вечера, а која всушност ќе го забрза процесот на слабеење, пред се благодарение на целерот.
Потребни состојки:
1 корен од целер, 1 кисело јаболко, 1 морков, 1 шака ореви или бадеми
Дресинг:
2 лажици сенф, 2 лажици маслиново масло, сол и бибер, сок од 1 лимон, 1 лажица мед
Подготовка:
Целерот, јаболкото и морковот изрендајте ги и измешајте ги. Направете го дресингот така што ќе ги измешате сите состојки, освен оревите, додека смесата да стане хомогена. Прелијте го преку салатата. Измешајте и додадете ги оревите.
Доколку сакате да ослабите, во исхраната мора да го додадете целерот, и тоа свежиот целер. Најдобро е да подготвувате салати кои ќе бидат замена за вашата вечера или салати кои ќе ви послужат како ужинка.
Целерот е намирница богата со влакна, исклучително одговорна за чистењето на цревата, но им се препорачува и на оние кои имаат проблем со зголемениот холестерол.
Целерот на изнемоштеното тело ќе му ги врати потребните електролити, па се препорачува и при силни тренинзи.
Целерот е богат со витамин Ц, а нутриционистите препорачуваат да се јаде и во комбинација со морков или со јаболко.