Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер минува низ многу тежок период. Неговиот татко се удави во Бразил, а тој не може да оди на погребот. Бразил воведе мерки против коронавирусот и тоа го спречува Алисон да биде присутен на погребот. Ниту тоа што е репрезентативец на Бразил, па и член на европскиот првак не му помага.
Поради сличен проблем неговиот тренер Јурген Клоп не можеше да патува во Германија и да присуствува на погребот на неговата мајка.
Голем број земји забранија патувања од и во Велика Британија поради британскиот сој на коронавирусот.