Коалиција за правично судење објави дека Бирото за судски вештачењa 315 дена нема изработено супер вештачење побарано од судот за автобуската несреќа кај Ласкарци. Судот по барање на дел од обвинетите побара собраќајно супервештачење на 11-ти ноември лани по што процесот е во прекин речиси цела година. Супервештачење се врши по барање на судот откако двете вештачења на обвинителството и на одбраната нема да му овозможат на судечкиот совет да ги утврди целосно фактите или се крајно спротивставени. Во законот нема определен рок за изработка, туку е предвидено тоа да се стори во најкус можен рок. Несреќата се случи пред повеќе од 3 и пол години (февруари 2019-та година) и досега нема никаква одговорност за жртвите. Обвинет е и возачот кој ја преживеа несреќата. Во случајот „Тендери“, пак, каде што обвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, супервештачењето се работи веќе 110 дена.