СОСТОЈКИ

– 5 јајца
– 200 г шеќер
– 200 г смрзнати боровинки
– 250 мл јогурт
– 200 мл масло
– сок и кора од лимон
– 1 лажичка екстракт од ванила
– прстофат сол

ПОДГОТОВКА:

Во еден сад измешајте ги брашното и печивото. Во друг сад со миксер изматете ги јајцата заедно со шеќерот, екстрактот од ванила и солта, да добиете густа смеса. Потоа додајте ги јогуртот, маслото и сокот и кората од лимон, па лесно промешајте. Во ова додајте ја смесата од брашно и печиво па кратко изматете со миксер. Калапите за мафини подмачкајте ги со путер и ставајте од смесата, но не ги преполнувајте. На крај во секое калапче ставете боровинки и лесно притиснете да пропаднат надолу. Печете во рерна загреана на 180 степени, околу 40-ина минути. Пред послужување, посипете со прав шеќер.