Јужноамериканската фудбалска асоцијација (КОНМЕБОЛ) зазеде неутрален став во врска со неодиграниот натпревар меѓу Бразил и Аргентина во рамки на мундијалските квалификации, наведувајќи дека тој дуел е во „надлежност на ФИФА“.
Јужноамериканското дерби беше прекинато кратко по самиот почеток на стадионот во Сао Паоло поради кршење на ковид-19 протоколите за карантин.
Бразилски здравствени претставници влегоа на теренот и побараа од тројца аргентински репрезентативци, Кристијано Ромеро, Џовани Ло Селсо и голманот Емилијано Мартинез, да го напуштат стадионот и државата поради кршење на правилата за задолжителен карантин.
Аргентинскиот тим потоа се повлече од теренот во соблекувалната и натпреварот не се одигра.
Од КОНМЕБОЛ денеска се оградија од целиот случај, додавајќи оти одлуката за евентуален нов термин е во надлежност исклучиво на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).
За евентуални дисциплински мерки ќе се чекаат извештаите на судиите и делегатот на натпреварот.
Жалење поради неодигрување на натпреварот изрази претседателот на Бразилската фудбалска федерација Ернандо Родригез, истакнувајќи дека во таборот на Караоките сите сакале дуелот да се игра.