Новиот IgG SARS – CoV-2 тест се препорачува да се направи најмалку 15 дена после примена втора доза од вакцината.
Лабораторијата при клиниката „Жан Митрев“ будно ги следи најновите истражувања поврзани со коронавирусот и ги применува сите видови тестови за SARS-Cov-2 вирусот.
Најновиот тип серолошки квантитативен тест, кој веќе се изработува е IgG SARS – CoV-2, кој покажува каков е имунолошкиот одговор на организмот на примената вакцина. Со овој тест се детектираат IgG антителата, вклучително и неутрализирачките антитела, на рецептор-врзувачкиот дел (RBD) S1 суб-единицата на „спајк“ („spike“) протеинот на SARS-CoV-2.
Тој може да помогне при:
– Одредување и следење на имунолошкиот одговор на вакцините, вклучувајќи и истражување за да се утврди колку долго трае одговорот;
– Во проценка дали нивото на антителата е резултат на природен одговор на вирусот или одговор на примената вакцина;
– Во проценка на нивоата на антитела за да се утврди потенцијалот за донирање на конвалесцентна плазма.
Докторите напоменуваат дека доколку се следи ефектот од вакцинацијата, многу е важно тестот да се изведува во иста лaбораторија, со ист метод. Ова се препорачува затоа што различни лаборатории имаат различни тестови и вредности.
Секако достапни се и веќе познатите типови на тестови:
IgG SARS-CoV-2 тестот од крвта, кој детектира антитела на нуклеокапсидниот протеин на вирусот.
IgM SARS-CoV-2 тестови, кои овозможуваат откривање неодамнешна инфекција и понатамошна прогресија на болеста.
За закажување термин јавете се на телефонот: 02/3091 484
(комерцијален текст)