Во Токио дневниот број на новозаразени со коронавирусот продолжува да расте и за првпат надмина 3.000, објавија локалните јапонски медиуми, а има и зголемен притисок во болниците.

Овој развој може да биде проблем за премиерот Јошихиде Сугу, кој се залагаше за одржување на Олимписките игри.

Рејтингот на Суга во моментов е на најниско ниво откако ја презеде функцијата во септември, а изборите ќе треба да се одржат следната година.

Гувернерите на трите префектури во близина на Токио ќе побараат од владата да прогласи вонредна состојба во нивните области, рече еден министер од кабинетот. Вчера беа потврдени 2.848 инфекции.

Шефот на работната група за борба против епидемијата, Јасутоши Нишимура, изјави дека дневниот број на заразени лица се очекува да се зголеми во наредниот период, а тестирањето е одложено заради празниците минатата недела.

Организаторите на Олимписките игри денеска регистрираа 16 нови инфекции поврзани со натпревари, а заклучно со 1 јули, има вкупно 169. Меѓу новите случаи на зараза нема спортисти, а досега вкупно 17 се заразени.

фото: EPA-EFE/FRANCIS R. MALASIG