Денеска на Плоштадот Македонија во Скопје не дојде Дедо Мраз, за првпат откако Град Скопје организира новогодишни прослави. Досега, Дедо Мраз кој трационално пристигнуваше на Плоштадот, делејќи им подароци на децата, пишува СДК.мк.
Град Скопје не организираше ниту програма за деца. Бината и Плоштадот се празни, немаше детски џагор. Денеска не се слушаа детски песни, не се одржуваше новогодишна детска претстава, намеше маскоти и други забавни точки кои со години ги имало за радост на најмладите жителите на градот. Единствен Дедо Мраз беше од приватното фото студио кое има поставено штанд за сликање. Не работат ниту сите штандови од „Винтерленд“, а дури денеска е наместена бината на која вечер за дочекот ќе настапат домашни пејачи и групи.