14 лица беа испрашувани од полицијата како учесници во петочниот протест за случајот „Монструм“. Родителите на две момчиња тврдат дека нивните деца биле неправедно сметани како сторители на две кривични дела.

Тие дури велат дека биле психички малтретирани од полицијата, која ги натерала противволно да признаат дека биле насилни на протестот.

Мервет Бериша, жител на скопската населба Дижонска, вели дека неговиот 23 – годишен син не бил на протестот, а бил повикан на испрашување, додека неговиот 12 – годишен син бил на протестот и бил повикан во полиција, но неговиот родител бил спречен да замине со него во полициската станица.

Тие го малтретираа, како, зошто, за Монструм. Кои си ти да излезеш на протест, не излегувај повеќе. Прво и последно да е ова. Ќе те затвориме. Дали ние сме жители на Македонија или на Пакистан. Ги замолувам партиите на Албанците да си кажат стоп за југословенскиот режим“, изјавил за Алсат-М, Бериша.

И родителот на Бурим Азири од Дижонска тврди дека полицијата несовесно го испрашувало неговиот син и извршиле претрес во неговата куќа.

„Беше осум и пол или девет часот наутро. Го држеа во Кисела Вода до 11, а потоа е префрлен во Автокоманда. Јас како родител му носев храна, но не ми дозволија. Беше врзан со лисици. Тој побара да биде ослободен. Малтретирање до 23 часот навечер. Потоа полицијата со синот дојдоа во куќата, упаднаа и направија неред“, тврди Азири.

Според министерот Оливер Спасовски не само организаторот туку и други лица ќе бидат одговорни за непочитување на законот за организирање на јавни собири и заштита на населението од заразни болести.

„Знаете дека имаше оштетување на возила на МВР, напади на службените лица. За сето тоа ќе се носи одговорност“, вели Спасовски.

Алијасната на Албанците однесувањето на полицијата го смета како тенденција да ги заплашува луѓето да протестираат против неправдите.

„Ние како коалиција реагиравме и пак ќе регираме  остро. Исто така ги информиравме и странските амбасади бидејќи меѓу приведените им и малолетници. Тоа е тенденција да се заплашат младите и општо народот за да не протестира“, вели Флакрон Беџети од АА.