Доколку возите по автопат од Скопје до Штип, само за патарини во еден правец ќе треба да платите 160 денари.
На автопатот Миладиновци – Штип, цената на патарината во Преод ќе чини 50 денари, додека кај Кадрифаково ќе чини 70 денари, изјави денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми.
Па така, доколку се патува со автомобил преку Миладиновци, каде треба да се платат 40 денари за патарината, вкупниот трошок за патарини од Скопје до Штип изнесува 160 денари во еден правец.
„Цената на патарините се утврдува според законот, по километар – 2.57 денари“, изјави Рустеми.
Тој посочи дека патарините на оваа релација ќе бидат со електронско плаќање.
Дополнително, тој додаде дека јавното претпријатие има модул за модернизација на коридорот 10 каде веќе постои опција за електронско плаќање, додека на коридорот 8 интензивно се работи за до крајот на годината да биде воведено електронско плаќање.
Автопатот Миладиновци – Штип официјално беше пуштен во употреба на 6 јули 2019 година.