Минатата година високата инфлација, разгорена од растот на цените на храната и енергијата, го испразни џебот на граѓаните. Годинава, институциите предвидуваат забавување на инфлацијата и се прогнозира да достигне 8 – 9 %. Но очекувањата за подобрување на животниот стандард не се воопшто розови, пишува Радио Слободна Европа.
„Катастрофа“. Тоа е одговорот на скопјанката Сузана Ѓуровска, за тоа какви очекувања има за оваа година, во однос на инфлацијата, високите цени, и воопшто, за животот во ек на економска криза.
Има минимални примања кои ги обезбедува со чистење канцеларии. Вели дека е среќна што има синови кои работат и можат да и помогнат, но свесна е дека тоа не е решение. Забележува дека во целиот свет економската состојба не е добра, ама лошо „како овде, не е!“.
„За овие цени сега што се, треба (платата) да е барем 40.000, па да живееш просечно“, вели таа.
Целиот текст на Радио Слободна Европа.