Во вторник ќе се знае дали ќе поскапи цената на електичната енргија. Одлуката треба да ја донесе Регулаторната комисија, која при утврдување на новата цена ќе ги земе предвид трошоците на компаниите и увозот на струја изминатиот период.
На тендерот на ЕВН Хоум, ЕСМ нуди седум посто пониска цена за електрилната енергија, а владата најавува и намалување на ДДВ за струја од 18 на 5 одсто.
Власта и опозицијата на различни страни околу цената на електричната енергија. СДСМ тврди дека намалувањето на данокот за струја е во интерес на стандардот на граѓаните.
“Граѓаните нема да го почувствуваат можното движење на цената на струјата и ќе се компензира нејзиното евентуално зголемување“, реагираа од СДСМ.
За ВМРО ДПМНЕ е залудно намалување на ДДВ на струјата кога Заев краде од тендери и зголемува цена на горива за цели 4 денари по литар.
„За да пополни дупки во буџетот, сега зголемува даноци. Само од кризниот данок на горива, ќе земе 54 милиони евра од народот” велат во ВМРО-ДПМНЕ.