Денеска во Кривичниот суд беа изречени пресудите за обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“. Трајко Вељановски, Миле Јанакиевски, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски добија затворски казни и прогласени се за виновни како организатори на настаните, односно за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Никола Груевски куртули од затворска казна. Односно судот не му изрече пресуда, туку порача дека на избеганите Груевски и Никола Бошковски од УБК, постапката е запрена до нивно наоѓање односно апсење.
Па, така судот ги осуди Трајко Вељановски на 6 години и 6 месеци затвор, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски на 6 години и три месеци и Владимир Атанасовски порашен директор на УБК на шест години затвор.
Тие се осудени дека биле организатори, односно преку нив оделе протестите и упадот во Собранието на 27-ми април 2017-та.