Државниот пазарен инспекторат затвори пет угостителски обејкти поради непочитување на протоколите за работа со цел спречување на ширењето на ковид-19.
Казнети се два објекта во Скопје и по еден угостителски објект во Гостивар, Тетово и Куманово, каде е прекршено ограничувањето за четири лица на една маса и непочитување на работното време.
Изречени се 19 прекршочни пријави и 102 решенија за констатираните неправилности, како и 50 прекршочни платни налози.
Од вкупниот број на решенија, пет решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти.
„Во сите случаи изречена е мерка забрана за вршење на дејност, односно истите се затворени за работа на лице место, а дополнително и изречени им се соодветни прекршочни платни налози“, соопшти Владата.